Македонија Временска прогноза

Сончево време со повремен засилен ветер, температури до 24 степени

Сончево време со повремен засилен ветер, температури до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината. Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

Најнови вести од Македонија

To top