Фудбал

Клоп: Одам на „Вембли“ сега да навивам за Дортмунд

Клоп: Одам на „Вембли“ сега да навивам за Дортмунд

Неговиот поранешен клуб, Борусија Дортмунд, ќе се соочи со големиот Реал Мадрид, а Клоп изјави дека ќе присуствува на финалето и ќе навива за „милионерите“.

„Добив покана за финалето во Лигата на шампионите. Секако дека ќе одам и ќе ја дадам мојата поддршка за Борусија. Тој ден ќе бидам слободен, па затоа не гледам причина зошто не би отишол.Се надевам дека мечот ќе биде спектакуларен и дека ќе гледаме возбудлив фудбал. Никогаш не сум барал дополнителни влезници, но мислам дека првпат ќе го сторам тоа сега, зашто сакам со мене да го земам и моето семејство“, изјави Клоп.

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се одигра на први јуни

To top