Македонија

Мицкоски: За дуел, Пендаровски треба да е претседател на СДСМ и да се извини на Гордана Силјановска Давкова за упатените навреди

Мицкоски: За дуел, Пендаровски треба да е претседател на СДСМ и да се извини на Гордана Силјановска Давкова за упатените навреди

При денешната посета на Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во однос на тоа што Пендаровски го покани на дуел и истакна дека за Пендаровски да дебатира со него потребно е Пендаровски да е претседател на СДСМ, и да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите упатени на јавна цена а потоа нема никаков проблем да дебатира на било која тема.

-Пендаровски го гледам по митинзите како се препелка, се пресметува со сите практично и во ред, тоа е негов начин на водење кампања претпоставувам, Ковачевски не би сакал да го коментирам бидејќи го нема, човекот исчезна, а Пендаровски за да дебатира човекот со мена најпрво треба да биде претседател на СДСМ, СДСМ да биде наскоро најголема опозициска партија и јас му стојам на располагање во било кое време за било која дебата, ќе избере медиум, ќе избере време, ден и немам никаков проблем да дебатирам. Но сега треба да се завршат овие претседателски избори и како што стојат бројките ќе доживее силен пораз и треба уште еден услов да исполни а тоа е да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите кои што ги кажува на отворена сцена и навистина мислам дека тоа што тој го прави е непримерно но тоа е негов начин на однесување, навреда кон дама навреда кон жена е нешто кое што ниту е дел од мојот карактер ниту пак за мене е прифатливо и очекувам тој гест да го направи, да се извини па потоа се останато, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top