Македонија Пензионерите се изневерени од власта

Мицкоски од Струмица: Револтот на пензионерите е целосно оправдан бидејќи се изневерени

Мицкоски потенцира дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вкчучени барањата на лицата од третата доба и како идна власт ќе направат се за подобрување на пензионерскиот статус.

Мицкоски од Струмица: Револтот на пензионерите е целосно оправдан бидејќи се изневерени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценува дека денес имал конструктивна средба со пензионерите од Струмица.

-Тие се чувствуваат навредени од страна на министерката за труд и социјална политика и Владата бидејќи немаат никаков слух за нив и тие се приморани своите права да ги бараат на улица. Нивниот револт е целосно оправдан бидејќи се изневерени, рече тој.

Мицкоски потенцира дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вкчучени барањата на лицата од третата доба и како идна власт ќе направат се за подобрување на пензионерскиот статус.

„Важно е да се грижиме за лицата од третата доба. Важно е пензионерите да добиваат повисоки пензии“ – рече тој.

To top