Ова е навистина едно значајно прашање кое отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков одговарајќи на новирарско прашање во однос на информацијата која што излезе во јавноста во која се вели дека првиот претседател на Македонија Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името. Како ги коментирате овие случувања, кој е вашиот став по ова прашање?.
-И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.
Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин и за колку пари го продале ако го сториле истото?
ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство, рече Лефков.