Македонија интевју

Ковачевски: СДСМ поднесе решение за намалување на функционерските плати

Пратеничката група на СДСМ поднесе решение со кое се намалуваат функционерските плати и тоа е уставно издржано решение со кое се намалуваат коефициентите на избраните и именувани функционери, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју во Тема на денот на телевизија Сител. „Тука се 21 министер, сите градоначалници, обвинители, судии, претседател на држава, членови на Парламентот и други избрани и именувани функционери.

Некаде околу 1.100 на број кои со ова решение нема да добијат зголемување согласно зголемувањето на просечната плата“, рече . Во однос на следните чекори за платите на функционерите, Ковачевски порача дека е потребно да се направи решение кое што ќе биде усогласено со колективниот договор.

„Сметам дека следната година треба да се направи решение кое што ќе биде усогласено со колективниот договор. Бидејќи ако го погледнете општиот колективен договор во него веќе како основица ќе се зема просечната палта во 2025 година со соодветни коефициенти. И треба наредната Влада да работи токму на такво решение“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top