Од дубајската епопеја со Црпко и Венко Црпков, најголем впечаток ми остави насмејаниот, озарен лик на човекот на кој со „капс лок“ и болдирани букви од фацијалната експресија му се читаше огромна доза на сожалување и емпатија за примитивизмот, глупоста и ајванизмот на соговорникот. Ликот на Харис Џиновиќ по гњаважата на Муртинхаузен, кој, како и секогаш, за да се направи интересен скокаше околу него, дубеше на трепавици, го гушкаше и гњавеше по собата. Кој знае на каков мутрински српски и какви се глупости не му кажал на кафанскиот доајен. Следен беше оцерениот лик на телохранителот на Харис, кој насмејан до уши му влета на пејачот за да го спаси од Црпко. Гарант му рекол: „Ауууу, шефе, каква сељачина и удав!“ „ Ќути, отров…“, кратко му одговара насила насмејаниот Харис. Во моментот, се барал читач од усни за потврда…
Она, кога дубајското видео со назнака „без коментар“, останува без коментар. Звучи помалку ступидно, но токму тоа се случи со она деминутивот од политичар, кој „сам себе го убивал“ во Дубаи. Политички…
А, реално, секаков, абе каков и да е коментар од него ќе беше и повеќе од сувишен. Оти, дубајската авантура на СДС монархот Црпко Први и неговиот мото-совозач и привезок Фичо е школски пример за фразата „една слика, милион зборови“. Само што тука имаше милијарда. Кој од кој поступиден, поинфантилен и поиндолентен. Она, кога си го бараш со боринче. Среде Дубаи…
Лумперајката се „дешава“ во време кога СДС како партија крвари, пука по шавови и во класичен слободен пад ита кон пасокизација и бришење од политичкиот регистер на Македонија, а ликот со рејтинг од пет насто фати авионот со стопанот му Муртинхаузен и „ни мање, ни више“, се плесна на журка и раскош. Класично „што сум дигал рука“ или она, кога не знаеш да „дигнеш ручна“. А, каде на друго место, ако не во Дубаи? Каде би биле нејсоодветен инвентар со муртинецот кој паѓа во несвест на Цеца? Па, се разбира, каде ако не во престолнината на кичот и раскошот. Во Дубаи, разбира се. Оти, Лас Вегас им бил предалеку, а авионот на дилајлата црпната од нива да ти трошел многу. Освен, ако Црле не го направил лир-џетот на плин. Врло „могуќе“. Е, замислете им ја само фацата во Плимонт кога Другарче им се јавил…
И не, ова не го прави со бедни 18 пратеници, Моника дејствува како независен коалиционер, што во основа е оксиморон ѓоамити чесен крадец и значи 17 пратеника. Не верувате, та таа го поддржа одложениот влез на Бугари во Устав. И тука како во пародијата „Хохштаплери у Дубаи“, секој коментар е излишен, нели?
Башка, најцепки беше самиот коментар дека Фичо не коментирал приватни работи. Ало, чедо помуртинизирано, та ти си јавна личност. Во моментот кога си станал пратеник, на страна и претседател на партија, макар била најмизерна во МКД, ти си се збогувал и со приватноста. Едно големо ЧАО! Не бела, таа ни ја згадивте со шарената дееволуција…
Ама, замисли, човечки било, го правдаа партиските ботови. Ја, мајката? Не било етички да се ругаш и ситиш со нечија забава, та за вкусови не се зборувало, те луѓето морале да се забавуваат, та не биле роботи и морале да си дадат оддишка??!?! Се изнаслушавме многу оправдувачки повраќаници за етиката, хипокризијата, фер плејот, итн, итд и др. Аха, етика за човекот кој од неа знае само за „морално е Пиги“…
И не, не беше етички ни недавањето оставка кога 14 луѓе живи изгоереа во пеколните стапици на другар му партиски Кочо, не беше етички ни рекордерството по смртност во короната во Македонија, немаше трунка морал ни во неуспешниот обид за бизнис со ковид-вакцините. Тука завршува сторијата за етиката на Вени. И наместо да се скрие некаде, да се повлече од полтиката и да продолжи да оперира пациенти со надеж дека народот и горнион ќе му простат за стореното, тој стана претседател на мизеријата од партија и уште има образ да критикува?
Ај, она стопанот му е од Муртино и стаса каде што стаса како што сите знаеме дека стаса. Трст виа Скопје е детска приказна за Дубаи виа Муртино. Таму имаше многу помалку криминал, театар и лоша глума. А, октроираниов, насаден чувар на престолот Фичо да ти било дете од фамилија, раснето ко бубрег во лој. Црле, пак, го црпнаа од нива пустиот… Вака, љагата е уште поголема.
И не, ништо не е „морално“, Пиги, Венко ли. Не мора ни да го дружиш стопанот насекаде и да му правиш метании и да паѓаш на тоа ултра ниско ниво. Или, можеби, тоа се прави со ќеф, без присилби и стокхолмски синдроми…Сето тоа од прецедник кој во основа е опортунистички „прелетач“, та од кол на кол, заврши во СДС. Патот „на успехот“ од неврохирург до главен чувар, макар на нечиј трон. Грејт сексес, би рекол Борат…
Сите се во очекување. Ќе ја оправда ли Фичо СДС мантрата: Секој следен претседател на Бихаќка е далеку полош од претходниот. Фичо одлично стартуваше, а Заев и Таче беа на висина на задачата и 102% ја овенчаа дарената доверба. Останува само прашањето, дали ќе се „продуховат“ и ќе засвират клавир…
Да. На крајот, ќе треба да и’ се заблагодариме на капката што ја прелеа чашата.