Таљо со расипан авион ќе спасувал тендер-коалиција, а Бифтек-мен Маричиќ ќе летал до Ниш?! Фали уште Љупче да сакал путерот како трофеј да го однесе со авиончето до Крива Паланка…
Нов ден, ново сознание за аздисот на арамиската банда алијас бивша влада на есдесодуевци, глупоштии кои доаѓаат така нормално по 7-годишната властодржна пародија, овенчани со славата на редица сознанија за хипер-чаламот на Црната Бисера Антоанета и раскалашаноста со државни пари на Дон Путер Николовски. Оти, кога незаслужено ќе бидеш онаму каде не смееш ни да помислиш, а функции ќе доделиш на ајвани кои никогаш не сонувале дека ќе бидат нешто повеќе од портири, резултатот е јасен. Ко Ден. Не Дончев…
Од друга страна, знаеме дека можело да биде и полошо. Да останеа на власт, ќе го видевме и тоа. За нивна жал и наша среќа, куртуливме. А можеа, мнооогу подолу. Сетете се дека мислевте дека Зоче е најдното. Па дојде Ќуран. Може само да замислите каков ќе беше следниот? Монти Пајтон вода да им носи… Можеше, на пример, командант Таљо да ја прати чаирската банда по владиното авионче, насила и под експертиза на мајстор Чаки од Дижонска сами да си го склопат, на гурање да го запалат и да си летнат кон зајдисонцето во донкихотовски спас на тендер-коалицијата. Да, можело и Бифтек-мен да посака да лета до Врање, не до Ниш. Абе, до Куманово. Да не се излади бифтекот со мезал’к…
Велат, дека некому веќе и му фалат северните будалчиња, коленичарењата на Таче, зелените кои ги траскаше менторот му Црпко, сељачкиот чалам на Артан Нежни и евтините НВО-финти на немилата Царовска. Мене не, но сега-засега ќе морате да се задоволите со катадневните глупоштии на Цаци на која и стана навика да стане за да ја види сала и ламентациите на Венко кој сега е претседател по казна, ја трга затоа што, иако врвен неврохирург, не успеа да ја оправи „кичмата“ на Муртинхаузен. На сцена се врати и светскиот рекордер во инстант-самодемантирање, Стево Реков-Пореков Пендаровски. Сепак, ќе си корисел бенефции, канцеларии, вработувања за разочарани комуњари…
Да, останува и лаежот на надобудните „експерти“, екс амбасадорчиња, „професионални“ журналисти и балерини. Не грижете се, нема да имаме дерман. Седум години молчеа „ко залиени“, ухлебени, добро истимарени и улежани. Време е да се пуштат од ланец, да одработат во одбрана на стопанот. И така цел живот…
Сега, пак, со раздрман Балансер изваден од баланс и уставна најава за „репрограмирање“ на измислената и насила наттурена двојазичност, ќе се изнаслушате антимакедонски лаеж пуштен на најјако. Ако, тоа им е работа на ќелепурите, сфатете ги…
Дефинитивно, добро е што постојат денови како 8-ми мај 2024-та. Денот кога и официјално се стопија крилјата на инфантилните северни Икарчиња, кои „летаа“ на антимакедонски погон, катапултирани и засилени со секоја нова антинационална глупоштија.
Не заборавајте ја агонијата од цели седум години, црни времиња во кои половина Македонци заминаа да живеат и работат во туѓа земја,а а другата половина која остана живееше како да е во туѓа земја. А многумина бегаа не затоа што немаше пари, туку затоа што немавме држава.
Да не се повтори резилот, никогаш…