Хроника

Жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Куманово

Жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Куманово

На 08.05.2024 во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

To top