Хроника возете внимателно

За брзо возење казнети 202 лица

Во текот на вчерашниот ден (19.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

За брзо возење казнети 202 лица

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

To top