Хроника полицијата работи на случајот

Тетовец олеснет за 2.000 евра, измамник го „насамарил“ дека продава градежен материјали

На 15.01.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 27 – годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.

Тетовец олеснет за 2.000 евра, измамник го „насамарил“ дека продава градежен материјали

Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и, откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово, му ги дал парите.

Како што е пријавено, кога отишол во градежната фирма сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top