Хроника СВР Тетово

Кривична пријава за двајца тетовци за измама

Како што информира МВР, И.С. запознал едно лице со Е.А.Н, која лажно му се претставила.

Кривична пријава за двајца тетовци за измама

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од тетовското село Нераште и Е.А.Н.(39) од тетовско Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што информира МВР, И.С. запознал едно лице со Е.А.Н, која лажно му се претставила.

– Откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, се наведува во денешниот МВР-билтен.

To top