Хроника

Со мопед удриле во метален столб, повредени двајца скопјани

Со мопед удриле во метален столб, повредени двајца скопјани

Во СВР Скопје утринава во 04:40 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top