Хроника

Се судрија автомобил и запрежно возило, тешко повредена жена

Се судрија автомобил и запрежно возило, тешко повредена жена

На 08.05.2024 во 20.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес–с.Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64) од с.Извор, општина Чашка, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

To top