Хроника Возачи внимавајте

На територија на Македонија казнети вкупно 239 возачи

Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 239 возачи.

На територија на Македонија казнети вкупно 239 возачи

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

To top