Ракомет две откажувања пред првенството

Проблеми за Хрватска пред ЕП

Проблеми за Хрватска пред ЕП

Репрезентацијата на Хрватска непосредно пред ракометното Европско првенство остана без две имиња во ростерот.

Селекторот Горан Перковац е принуден на измени, бидејќи од комбинација за настап отпаднаа Давид Мандиќ и Јосип Шарац.

Крилото на загрепчани имаше запазена улога во репрезентацијата, па тоа е веројатно поголем удар за Хрватите, додека Шарац беше дел од ротацијата во бековската линија.

Хрватите на Европското првенство ќе играат во група со Шпанија, Австрија и Романија.

To top