Култура вечерва

Концерт од проектот „New Еra“ на Никола Мицевски

Промотивни концерти на овој проект на Мицевски досега беа реализрани во Центарот за култура – Битола, Велешкиот театар и во Македонската филхармонија. 

Концерт од проектот „New Еra“ на Никола Мицевски

Концерт од проектот „New Еra“ на композиторот Никола Мицевски ќе биде изведен вечер во „Јавна соба“.

-Проектот „New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Овојпат покрај Никола Мицевски и пријателите, ќе има и неколку гости како изненадување, се наведува во најавата.

Промотивни концерти на овој проект на Мицевски досега беа реализрани во Центарот за култура – Битола, Велешкиот театар и во Македонската филхармонија.

To top