Ракомет ракомет

Норвешка конечно покажа сила и ја совлада немотивираната Шведска (ВИДЕО)

Ракометарите на Норвешка по почетниот висок триумф, конечно запишаа уште еден на Европското првенство. Во скандинавското дерби против европскиот првак Норвежаните славеа со 33-23 (15-12), користејќи го фактот дека Шведска калкулираше и не играше максимално бидејќи немаше шанси за преземање на првото место.

Подобро во мечот кој се играше во „Барклајс Арена“ во Хамбург влегоа Швеѓаните кои минимално водеа, меѓутоа се играше гол за гол. Пред паузата со неколку мини-серии до прва посериозна предност дојде Норвешка (15-11), а на одмор се замина со три разлика (15-12).

Влезот во второто полувреме беше фуриозен за избраниците на Виле, па тогаш изградија огромна предност од 20-13. Шведска како многу рано да се помири со поразот, не се заложи премногу за да се врати во натпреварот и Норвешка дојде до победата. Предноста се зголеми и на максимални 13 гола, за на крај на изненадување на многумина Норвежаните да го победат европскиот првак двоцифрено.

To top