Ракомет ракомет

Костески: Клучно во победата над Швајцарија беше нашата смиреност

Македонската репрезентација славеше со 29-27 над Швајцарија, за прва радост на ЕП 2024 откако нашите ракометари одиграа извонреден натпревар, заслужено совладувајќи ја селекцијата што пред три дена ремизираше со Франција.

Крилото на репрезентацијата Ненад Костески ден по големиот успех вели дека ова е голема победа и дека клучна била смиреноста…

Ова е голема победа за нас. Навистина сме среќни што одиме дома со бодови и со победа. Иако успеа Швајцарија да се врати на оваа средба, успеавме да го свртиме резултатот и да победиме. Мислам дека клучен дел од мечот беше нашата смиреност. Не брзавме, не губевме топки кои можеа да не чинат пораз, одигравме професионално, искусно, не брзавме, ја стопиравме играта и на крајот победата си дојде, вели Костески.

To top