Ракомет ракомет

Денеска на ЕУРО 2024: Франција става “печат“ на пласманот во 1/2 финалето!

Денеска на ЕУРО 2024 се играат три натпревари од групата-1 во главната фаза.

Денеска на ЕУРО 2024: Франција става “печат“ на пласманот во 1/2 финалето!

Денеска на ЕУРО 2024 се играат три натпревари од групата-1 во главната фаза.

Првиот меч се игра од 15:30 часот и се среќаваат Хрватска и Исланд. Хрватите сеуште се надеваат на чудо и пласман во полуфиналето, но за тоа мора денеска да слават против Исланд а потоа да се надеваат на чудо.

Од 18 часот играат Франција и Австрија. Јасно е дека со победа “триколорите“ и дефинитивно се во полуфиналето, но нема да биде лесно против избранците на Алеш Пајовиќ кои ќе имаат голем мотив со триумф да дојдат на чекор до историја.

Во последниот меч вечерва од 20:30 часот вистинско ракометно уживање, Германија против Унгарија. Домаќинот ако сака полуфинале на овој меч мора да победи, додека ако Унгарците слават тогаш ќе бидат многу блиску до пласман меѓу четирите најдобри на ова ЕП.

ДЕНЕСКА:

15:30 Ч

Хрватска – Исланд

18:00 Ч

Франција – Австрија

20:30 Ч

Германија – Унгарија

ТАБЕЛА

1.ФРАНЦИЈА 6

2.УНГАРИЈА 4

3.АВСТРИЈА 4

4.ГЕРМАНИЈА 3

5.ХРВАТСКА 1

6.ИСЛАНД 0

To top