Ракомет ракомет

ДЕНЕСКА НА ЕП: Се дели последниот билет за полуфинале!

Денеска на Европското првенство 2024 со натпреварот меѓу Германија и Хрватска ќе заврши главната фаза, по што ќе следува ден одмор, а потоа ќе стартуваат полуфиналните натпревари.

Како што е познато, од втората група пласман во полуфиналето обезбедија репрезентациите на Данска и Шведска, додека Словенија со освоеното трето место на крај ќе се бори за петто место на континенталниот собир.

Од првата група полуфинале обезбеди Франција, додека за второто место, кое исто така носи пласман меѓу најдобрите четири репрезентации, во игра се Германија, Унгарија и Австрија.

Германија на табелата има пет бода, додека Унгарија и Австрија по четири, па така нѐ очекува голем возбудлив ден, во кој ќе се дознае последниот патник во полуфиналето.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

15:30 АВСТРИЈА – ИСЛАНД

18:00 ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА

20:30 ГЕРМАНИЈА – ХРВАТСКА

To top