Ракомет алкалоид гази

Алкалоид ја освои Битола за десетти триумф во Суперлигата

Алкалоид тргна моќно во натпреварот и го презема водството, но младите битолчани не се предаваа и се бореа храбро, меѓутоа скопската екипа на паузата замина со 22-16.

Алкалоид ја освои Битола за десетти триумф во Суперлигата

Македонскиот вицешампион Алкалоид славеше на гостувањето кај Пелистер 2 со 36-31 за десетта победа во ракометната Суперлига.

Алкалоид тргна моќно во натпреварот и го презема водството, но младите битолчани не се предаваа и се бореа храбро, меѓутоа скопската екипа на паузата замина со 22-16.

Пелистер 2 во еден момент се приближи на четири гола негатива (27-31), откако ја искористи кризата кај Алкалоид, но гостинскиот тим собра сили и со одлична завршница оствари триумф од 36-31.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов со осум голови, додека Христијан Митревски постигна седум погодоци за Пелистер 2.

To top