Останати спортови најплатени

„Топ 100-те“ најплатени спортисти заработиле вртоглава сума на пари во 2023: Роналдо убедливо прв на врвот на листата

Врвните спортисти заработуваат неверојатни суми, а интересна е листата на стоте најплатнеи за 2023 година. Спортистите кои се најдоа на неа заедно заработиле 5,4 милијарди долари, од кои 4,2 милијарди на основа на плати и бонуси, додека 1,2 милијарди доаѓаат од богатите спонзорски договори.

„Топ 100-те“ најплатени спортисти заработиле вртоглава сума на пари во 2023: Роналдо убедливо прв на врвот на листата

Врвните спортисти заработуваат неверојатни суми, а интересна е листата на стоте најплатнеи за 2023 година. Спортистите кои се најдоа на неа заедно заработиле 5,4 милијарди долари, од кои 4,2 милијарди на основа на плати и бонуси, додека 1,2 милијарди доаѓаат од богатите спонзорски договори.

На врвот на листата е еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо. Португалецот минатата година инкасирал вртоглави 275 милиони долари (215 од Ал-Наср и дури 60 од спонзорски договори). На второто место е шпанскиот голф играч Џон Рам. Тој добил вкупно 203 милиони, 181 од турнири и уште 22 од спонзорите. Третото место е резервирано за аргентинскиот ас Лионел Меси (130 милиони долари). Интересна е ситуацијата кај Леброн Џејмс кој инкасирал 125,7 милиони долари, а две третини се од спонзорски договори (80 милиони). Во топ десет следат уште Килиан Мбапе, Нејмар, Стеф Кари, Јанис Адетокумбо и Патрик Махомс.

Загрижувачки факт е тоа дека во „топ сто“ нема ниту една дама. Најплатена спортистка за минатата година е Коко Гоф која доби околу 22,7 милиони долари, ама тоа е за десетина помалку од последниот на листата.

  • Листата на стоте најплатени спортисти:
  1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 275 милиони долари
  2. Џон Рам (голф) – 203
  3. Лионел Меси (фудбал) – 130
  4. Леброн Џејмс (кошарка) – 125,7
  5. Килиан Мбапе (фудбал) – 125
  6. Нејмар (фудбал) – 121
  7. Стеф Кари (кошарка) – 98,9
  8. Јанис Адетокумбо (кошарка) – 88,4
  9. Кевин Дурант (кошарка) – 86,6
  10. Патрик Махомс (американски фудбал) – 84,3
  11. Ламар Џексон (американски фудбал) – 82,5
  12. Карим Бензема (фудбал) – 78
  13. Рори Мекерој (голф) – 77,4
  14. Тајгер Вудс (голф) – 77,2
  15. Макс Верстапен (Формула 1) – 75
  16. Шохеј Охтани (бејзбол) – 70
  17. Канело Алварез (бокс) – 66
  18. Ерлинг Халанд (фудбал) – 63
  19. Луис Хамилтон (Формула 1) – 62
  20. Макс Шерцер (бејзбол) – 60,8
  21. Дамијан Лилард (кошарка) – 60,3
  22. Клеј Томпсон (кошарка) – 60,1
  23. Мохамед Салах (фудбал) – 56
  24. Ентони Џошуа (бокс) – 55
  25. Расел Вестбрук (кошарка) – 54
  26. Ник Боса (американски фудбал) – 53,6
  27. Виктор Ховланд (голф) – 52,3
  28. Скоти Шефлер (голф) – 52,3
  29. Џејмс Харден (кошарка) – 51,6
  30. Џо Буру (американски фудбал) – 51,5
  31. Пол Џорџ (кошарка) – 51,1
  32. Бредли Бил (кошарка) – 50,5
  33. Кавај Ленард (кошарка) – 50,1
  34. Лука Дончиќ (кошарка) – 49,7
  35. Џими Батлер (кошарка) – 47,9
  36. Даниел Џоунс (американски фудбал) – 47,5
  37. Џејк Пол (бокс) – 47
  38. Џоел Ембид (кошарка) – 46,8
  39. Брукс Кепка (голф) – 46,7
  40. Дешон Вотсон (американски фудбал) – 46,5
  41. Девон Букер (кошарка) – 46,3
  42. Арон Роџерс (американски фудбал) – 45,9
  43. Никола Јокиќ (кошарка) – 45,7
  44. Ентони Дејвис (кошарка) – 45,5
  45. Дак Прескот (американски фудбал) – 45
  46. Новак Ѓоковиќ (тенис) – 44,9
  47. Треј Јанг (кошарка) – 44,7
  48. Џастин Верландер (бејзбол) – 44,5
  49. Ерон Џаџ (бејзбол) – 44
  50. Зек Лавин (кошарка) – 43,7
  51. Камерон Смит (голф) – 43,3
  52. Кајри Ирвинг (кошарка) – 43,2
  53. Џордан Спит (голф) – 42,9
  54. Џервонта Дејвис (бокс) – 42,5
  55. Кајлер Мареј (американски фудбал) – 42,5
  56. Карлос Алкараз (тенис) – 42,2
  57. Џамал Мареј (кошарка) – 41
  58. Рајан Гарсија (книги) – 40,5
  59. Мајк Траут (бејзбол) – 40,5
  60. Донован Мичел (кошарка) – 40,4
  61. Руди Гобер (кошарка) – 40,2
  62. Тејлор Гуч (голф) – 40,2
  63. Џејсон Тејтум (кошарка) – 40,1
  64. Тајсон Фјури (бокс) – 40
  65. Рашан Гери (американски фудбал) – 39,9
  66. Тобајас Харис (кошарка) – 39,3
  67. Крис Пол (кошарка) – 38,5
  68. Бен Симонс (кошарка) – 38,4
  69. Ентони Рендон (бејзбол) – 38,3
  70. Паскал Сиакам (кошарка) – 38
  71. Расел Вилсон (американски фудбал) – 38
  72. Садио Мане (фудбал) – 38
  73. Си Џеј Меколум (кошарка) – 37,9
  74. Џру Холидеј (кошарка) – 37,8
  75. Зајон Вилијамсон (кошарка) – 37,6
  76. Герит Кол (бејзбол) – 37,5
  77. Кори Сејгер (бејзбол) – 37,5
  78. Карл-Ентони Таунс (кошарка) – 37,2
  79. Карлос Кореја (бејзбол) – 37
  80. Џош Ален (американски фудбал) – 37
  81. Криштапс Порзингис (кошарка) – 36,7
  82. Брендон Инграм (кошарка) – 36,1
  83. Ријад Марез (фудбал) – 36
  84. Роберт Левандовски (фудбал) – 36
  85. Крист Линдстром (американски фудбал) – 35,8
  86. Дастин Џонсон (голф) – 35,7
  87. Крис Мидлтон (кошарка) – 35,3
  88. Кевин де Брујне (фудбал) – 35
  89. Мајкл Портер Џуниор (кошарка) – 33,9
  90. Орландо Браун Џуниор (американски фудбал) – 33,8
  91. Гордон Хејворд (кошарка) – 33,7
  92. Стивен Стрезбур (бејзбол) – 33,6
  93. Шеј Гилџус-Александер (кошара) – 33,5
  94. Брајс Харпер (бејзбол) – 33,2
  95. Кирк Казинс (американски фудбал) – 33
  96. Дирон Фокс (кошарка) – 32,9
  97. Мигел Кабрера (бејзбол) – 32,8
  98. Бем Адебајо (кошарка) – 32,7
  99. Џанкарло Стентон (бејзбол) – 32,6
  100. Дерек Кар (американски фудбал) – 32,5
To top