Останати спортови формула 1

Леклер останува во Ферари до 2029

Леклер останува во Ферари до 2029

Италијанските медиуми објавија денеска дека 29-годишниот возач од Монако, Шарл Леклер, ја продолжи соработката со Формула 1 тимот Ферари до 2029 година.

Леклер имаше договор со Ферари до 2024, а продолжувањето на соработката е доказ дека италијанскиот тим е задоволен од неговите настапи и резултати.

Леклер досега заработуваше 25 милиони евра годишно, а со новиот договор ќе добие двојно подобри услови.

Во сезоната која неодамна заврши Леклер освои 206 бодови и во генералниот пласман беше на делба на четвртото и петтото место со Фернандо Алонсо.

Титулата светски првак ја одбрани Холанѓанецот Макс Верстапен, кој освои 575 бодови.

To top