Кошарка

Шек за Коби: Да имам една желба

Шек за Коби: Да имам една желба

Шек и Коби имаа свои падови и подеми кога е во прашање нивниот однос, меѓутоа тоа што заедно го направија додека настапуваа за „езерџиите“ никогаш нема да биде заборавено.

Тоа беше дуо кое едноставно беше незапирливо, незадржливо, асови кои перфектно надополнуваше и донесе пехари за славната организација од Калифорнија.

-Прекрасна статуа. Ванеса рече дека ќе има три статуи. Ќе биде голема радост тоа да се види. Имам милион приказни за Коби и мило ми е што имав можност да играм со него. Немаше да имам три во низа без него. По се што поминавме, неговото семејство беше многу љубезно кон мене. Мило ми е што бев дел од најконтроверзниот, најдоминантниот тандем што некогаш постоел, кој никогаш нема да се повтори. Кога кажувате Коби, кажувате Шек. Кога кажувате Шек, кажувате Коби. И ако имав една желба, би сакал сега да раговараме, -порача Шек кој му се заблагодари на Џери Вест што ги спои со Коби во Лејкерс.

To top