Познати Тажен ден

Поминаа четири години од трагедијата: На денешен ден загинаа Коби Брајант и неговата ќерка

Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

Поминаа четири години од трагедијата: На денешен ден загинаа Коби Брајант и неговата ќерка

Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина на денешен ден во 2020-та година, во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Во хеликоптерската несреќа во Калабасас, Калифорнија загина и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

Беше двапати најкорисен играч на финалето во НБА, еднаш МВП од регуларната сезона, 18 пати учествуваше во „Ол-стар“, победи на натпревар за забивање, двапати беше најдобар стрелец на лигата.

Најнови вести од Познати

To top