Кошарка

Познати се домаќините на квалификациските турнири за ОИ

Познати се домаќините на квалификациските турнири за ОИ

Олимписките игри во Париз ќе се одржуваат од 27 јули до 11 август следната година.

Кошаркарскиот олимписки турнир на кој ќе учествуваат 12 селекции ќе привлече големо внимание, а веќе осум репрезентации обезбедија место.

Покрај домаќинот Франција, во Париз сигурно ќе ги гледаме Србија, Австралија, Јужен Судан, Јапонија, САД, Канада и Германија.

Останатите четири учесници на Олимписките игри ќе се решаваат на квалификациски турнири, чии победници ќе добијат виза за Париз.

Квалификациските турнири ќе се играат од 2 до 7 јули 2024 година, а домаќини, според најавите, ќе бидат Грција, Шпанија, Летонија и Порторико.

В понеделник, 27 ноември, ФИБА официјално ќе објави кои четири града ќе бидат домаќини на квалификациските турнири.

To top