Кошарка

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во наместени натпревари

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во наместени натпревари

Александар Иликиќ, Љубомир Чампара и Никола Павловиќ се казнети за учество во незаконски активности поврзани со обложување, но нивната санкција е полесна од првите две.

Додека Шајин и Радоњиќ ќе бидат доживотно надвор од кошарката, казната на Чампари ќе трае до 7 август 2025 година, на Илкиќ до 20 јуни 2028 година, додека на Павловиќ ќе истече на 23 јули 2031 година.

Во тоа време Иликиќ настапуваше за Тамиш, Напредак од Алексинац, Слобода од Ужице и Спартак, Чампара, покрај искуството во Војводина, Тамиш и Металац, настапуваше и во странство во Босна и Херцеговина, Романија, Чешка и Норвешка, додека Павловиќ беше член на Вршац, Мега, Смедерево, Раднички, Вршац и Златибор.

Казната инаку се однесува на вршење на каква било функција во клуб или федерација поврзана со ФИБА, како и учество во какви било активности.

Покрај нив, суспензијата во моментов ја отслужуваат и хрватскиот кошаркар Јосип Барњак, како и црногорскиот судија Касим Бајровиќ.

To top