Кошарка

НБА и ФИБА планираат ново клупско натпреварување во Европа

НБА и ФИБА планираат ново клупско натпреварување во Европа

Наскоро ќе се случи револуција во европската кошарка, а се вклучи и НБА-лигата. Како што пренесува шпански „Спортико“, НБА-лигата и Светската кошаркарска федерација (ФИБА) планираат да основаат ново европско клупско натпреварување, и сето тоа зад грб на Евролигата.

Познато е дека ФИБА и Евролигата беа во војна долги години, поради што најмногу страдаа репрезентациите. Во меѓувреме, двете организации постигнаа примирје. Сепак, се чини дека е на повидок нов земјотрес, во режија на најсилната лига во светот.

НБА-лигата веќе подолго време ги разгледува опциите за излез на европскиот пазар и сега планира да основа сосема нова лига, во соработка со Светската куќа на кошарката.

Како што пишува „Спортико“, иако со години се зборува за можна соработка меѓу НБА и Евролигата, Американците не се задоволни, бидејќи преговорите се бавни. Па така, сега решиле да се обидат да договорат натпреварување со ФИБА на Стариот Континент.

Теми на денот

To top