Свет

Египетски медиуми: Во Каиро во тек разговори на посредници со Хамас за Газа

Египетски државни медиуми вечерва јавија дека посредници од Катар, САД и Египет имаат средба во Каиро со делегација на Хамас во најнови напори за примирје во Газа.

Египетски медиуми: Во Каиро во тек разговори на посредници со Хамас за Газа

„Катарската и американската делегација ги продолжуваат разговорите со египетската делегација и со онаа на Хамас“, јави Ал Кахера њуз, сајт поврзан со египетските разузнавачки служби, цитирајќи „висок функционер“. Во извештајот не се споменува учество на Израел во разговорите, пренесоа француските медиуми.

To top