Свет „Неслободна“

Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација

Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.

Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација

Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ.

Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.

„Откако режимот започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, властите ги зајакнаа ограничувањата на индивидуалните права и слободи за да го задушат домашното несогласување“, се вели во извештајот.

Рускиот јавен обвинител Игор Краснов на својот канал Телеграм рече дека Фридом Хаус е вклучена во промовирањето на таканаречената доминантна улога на САД во светот, ја дискредитира руската војска и се залага за помош на Украина и воведување санкции против Русија.

Претходно денеска, московскиот суд и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова (65), поради сомневање дека „оправдува тероризам“.

Кеворкова е воен дописник, авторка на бројни извештаи од Блискиот исток, како и на голем број книги за Палестинските територии. Таа била приведена вчера при претрес во нејзиниот дом.  (МИА)

To top