Кошарка НБА

Њујорк Никс на чекор до конференциско полуфинале

Њујорк Никс на чекор до конференциско полуфинале

Њујорк Никс извојува победа против Филаделфија со 97-92. Најзаслужен и убедливо најефикасен беше фантастичниот Џејлен Брансон, кој и самиот беше мета на лошите удари на Ембид, но одговори како вистински шампион со 47 поени, четири скока, десет асистенции и целосна одговорност во неизвесна завршница.

Џејлен Брансон го одигра најдобриот натпревар во својата кариера, постигнајќи 47 поени за 44 минути на паркетот. Ова за Брансон е рекорд во кариерата по бројот на постигнати поени во плеј-офот.

На спротивната страна Ембид и Макси заедно искомбинираа 50 поени.

To top