Кошарка

Џоел Ембид се враќа пред плеј-офот!

Џоел Ембид се враќа пред плеј-офот!

Џоел Ембид на 30 јануари против Голден Стејт го повреди менискусот на коленото, а постоеа шанси да го пропушти остатокот од сезоната.

Најдобриот играч нза 76ерси беше опериран на шести февруари, а според најавите од Соединетите Американски Држави, би можел многу порано од планираното да се врати во тимот.

Овие информации ги потврди и тренерот Ник Нурс, кој само кратко ја прокоментира ситуацијата околу повредата на најдобриот играч.

Филаделфија без Ембид го загуби фаворитскиот статус во лигата, меѓутоа доколку тој успее да се врати пред почетокот на плеј-офот, може да направи разлила.

Теми на денот

To top