Кошарка кошарка

Бутел ја круниса сезоната со пехар: Стана шампион на Третата лига!

Новиот кошаркарски клуб во Македонија, екипата на КК Бутел на своето деби ја освои Третата лига. Скопскиот колектив во финалето на плеј-офот кај третолигашите беше подобар од екипата на Црн Дрим со 81-65 и со нова убедлива партија се промовира против ланскиот второлигаш. Двете екипи со самиот пласман во финалето на плеј-офот си обезбедија место во Втората лига за следната сезона.

Facebook / Дарко Костовски

Бутел својата прва натпреварувачка сезона ја заврши со шампионската титула, откако цела сезона од коло во коло го докажуваше својот квалитет. На патот до трофејот во плеј-офот бутелчани ги добија сериите со битолска Хераклеа и скопски Феникс, прославувајќи пласман меѓу второлигашите.

Facebook / Дарко Костовски

Освојувањето на трофејот и победата во финалето се само круна на сезоната за овој нов кошаркарски проект. Денешното финале се одигра пред солидна бројка на публика во салата „Иван Хаџи Николов“ во Радишани, каде што по крајот на мечот следеше и славје и доделување на пехарот.

Facebook / Дарко Костовски

Во следната сезона Бутел првпат ќе заигра меѓу второлигашите, а експресен кам-бек ќе има и Црн Дрим.

To top