Фудбал неверојатно

ВИДЕО: Најсмешниот пенал во историјата на фудбалот

ВИДЕО: Најсмешниот пенал во историјата на фудбалот

Навивачите во Саудиска Арабија имаа можност да видат неверојатен гаф во еден натпревар, а истиот со голема брзина се прошири низ светот.

На натпреварот помеѓу Ал Хазем и Ал Фатех, дефанзивецот на гостите, Фахад Ал Харби направи неверојатна глупост.

Во 13. минута од натпреварот фудбалерот се обиде да му честита на голманот за одличната интервенција, му подаде рака, во стилот на „да пукне“, а сето тоа додека голманот ја држеше топката во раце.

Ал Харби во таа прилика ја допре топката, а судијата не се двоумеше да покаже на белата точка.

To top