Фудбал Ќе го спасува англискиот гигант

Паоло Малдини спортски директор на Манчестер Јунајтед?

Паоло Малдини спортски директор на Манчестер Јунајтед?

Италијанската фудбалска легенда Паоло Малдини, се поврзува со нов ангажман на позицијата спортски директор.

Откако летово Италијанецот се раздели со „својот“ Милан, сега светскиот првак од 2006 година може да се пресели во Англија.

Своевремено Манчестер Јунајтед го бараше како фудбалер, ама Малдини тогаш остана во Милан. Сега ситуацијата е поинаква, па може многу лесно 55-годишникот да го преземе директорското столче на паднатиот гигант.

Тој успеа да го реконструира Милан, дојде во тешко време и беше еден од главните „виновници“ за клупската стабилизација и враќањето на шампионските патеки.

To top