Фудбал

Кејн: Рекордите секогаш се рушат, важно е Баерн да бележи одлични резултати!

Кејн: Рекордите секогаш се рушат, важно е Баерн да бележи одлични резултати!

Англичанецот стигна до рекорд од 18 постигнати голови во само 12 натпревари, со што го сруши рекордот на неговиот сонародник, Кевин Киген. Кејн сепак ја „спушта топката“ и вели дека рекордите воопшто не му се важни, сѐ додека тимот бележи добри резултати.

„Одигравме одличен натпревар во Келн. Требаше да постигнеме уште некој гол вопрвото полувреме, но сепак успеавме во намерата да се вратиме дома со трите бода. Во продолжението ја контролиравме играта и сосема заслужено победивме. Важен триумф за нас по интернационалната пауза и сега се фокусираме на новите предизвици. Рекордите не ми се важни, сакам тимот да победува и да ги бележи очекуваните резултати. На крајот од сезоната, ако освоиме сѐ што посакуваме, тогаш ќе прославам за мојот личен рекорд. Во моментов воопшто не мислам на тоа“, изјави Кејн.

 

To top