Фудбал Баерн Минхен

Хенес потврди за Рангник: За една недела ќе донесеме одлука

Мислам дека во рок од една недела ќе донесеме одлука, изјави Хенес.

Хенес потврди за Рангник: За една недела ќе донесеме одлука

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хонес призна дека се водат преговори со Ралф Рангник за негово евентуално назначување за тренер на тимот. Во моментов тој е селектор на австриската репрезентација и се подготвува за настап на ЕП 2024 година.

-Мислам дека во рок од една недела ќе донесеме одлука, изјави Хенес во интервју за „Франкфуртер алгемајне“.

Тој е дел од Управниот одбор на Баварците, прецизирајќи дека збор имаат и останатите директори таму.

-Разговараме за прашањето и ако на пример некој од другите кои треба да одлучат не може да го толерира дадениот кандидат за тренер, тогаш нема да го земеме. Не одлучувам само јас, тоа е и право на претседателот Херберт Хајнер и другите луѓе, додаде Хенес.

To top