Фудбал Ова не му успеало на никој

Кејн постави нов рекорд во Бундеслигата

Ниту еден играч не постигнал 20 гола побрзо во историјата на Бундеслигата. На Уве Зелер му беа потребни 21 меч, додека на Ерлинг Халанд 22.

Кејн постави нов рекорд во Бундеслигата

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн беше двоен стрелец на натпреварот од 15. коло во германското првенство синоќа против Штутгарт (3:0).

Кејн ги постигна својот 19-ти и 20-ти гол во Бундеслигата. За да го направи ова му беа потребни само 14 натпревари. Направи и 5 асистенции.

Ниту еден играч не постигнал 20 гола побрзо во историјата на Бундеслигата. На Уве Зелер му беа потребни 21 меч, додека на Ерлинг Халанд 22.

Кејн летото се пресели во Баерн од Тотенхем за 95 милиони евра. Оваа сезона Англичанецот одигра 20 натпревари за Минхен на сите турнири, на кои постигна 22 гола и осум асистенции.

To top