Фудбал Секако дека останува!

Агентот на Левандовски ја откри вистината за иднината на напаѓачот во Барселона

Изненадувањето било забележливо на неговото лице по добивањето на прашањето.

Агентот на Левандовски ја откри вистината за иднината на напаѓачот во Барселона

Агентот на Роберт Левандовски, Пини Захави изјави дека напаѓачот нема да ја напушти Барселона.

Вчера агентот, кој ги застапува интересите на 35-годишниот напаѓач, вечерал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тие имаат долгогодишна пријателска врска.

Кога Захави го напушташе ресторанот, беше прашан дали Левандовски ќе ја напушти Барселона.

– Секако дека останува – одговори агентот.

Изненадувањето било забележливо на неговото лице по добивањето на прашањето.

Левандовски оваа сезона постигна девет гола и четири асистенции на 20 настапи за Барселона во сите натпреварувања. (МИА)

To top