ТВ и Филм Престижна филмска награда

Гледаноста на Оскарите ќе се враќа со добро познатиот водител

Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи – е лице како Кимел, сметаат одговорните.

Гледаноста на Оскарите ќе се враќа со добро познатиот водител

Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на Доделувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.

-Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на „Оскарите“!, се пошегува 56-годишниот американски глумец и водител на „Шоуто на Џими Кимел“.

Тој беше водител во 2017., 2018. и оваа 2023 година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10 март 2024 година.

„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на ‘Оскарите’ на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на годишната манифестација, Раџ Капур и Кети Мулан, поздравувајќи ја веста.

Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи – е лице како Кимел, сметаат одговорните.

Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.  (МИА)

To top