ТВ и Филм програмски намалувања

Нетфликс повеќе нема да ја прикажува една од најпопуларните серии, „The Witcher“

Нетфликс повеќе нема да ја прикажува една од најпопуларните серии, „The Witcher“

Нетфликс го отфрли претстојното продолжение на една од своите најуспешни серии, The Witcher, како дел од новата серија на програмски намалувања.

„The Witcher“ ќе заврши со својата петта сезона, пишува Дејли Меил.

Ќе бидат прикажани четвртата и петтата сезона во кои Лиам Хемсворт ќе го замени Хенри Кавил, а потоа ќе заврши и овој проект.

Фановите на серијата беа емотивни откако ги видоа последните сцени на главниот актер Хенри Кавил минатата година, а одлуката да се откаже од серијата дополнително ќе ги разочара фановите.

Предводена од Хенри Кавил во првите три сезони, серијата „The Witcher“ на фановите им подари 24 епизоди во последните пет години.

Приказната е инспирирана од истоимената серија книги на полскиот писател Анджеј Сапковски, која првпат се појави во 1990 година, а во 2007 година беше претворена во серија на видео игри.

To top