Познати

Вдовицата на Хју Хефнер тврди: Ди Каприо се претвора во Хеф, девојките му се сè помлади

Според Дејли Мејл, Ди Каприо моментално е во врска со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Серети.

Вдовицата на Хју Хефнер тврди: Ди Каприо се претвора во Хеф, девојките му се сè помлади

Кристал Хефнер, сопруга на Хју Хефнер, кој беше познат по неговата љубов кон многу помлади жени, го нарече Леонардо ди Каприо „новиот Хеф“.

Според Дејли Мејл, Ди Каприо моментално е во врска со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Серети.

Кристал откри и дека Ди Каприо бил на забава во замокот на Хефнер со Ријана, која тогаш била во своите 20-ти години.

„Се сеќавам дека Леонардо ди Каприо и Ријана се споија една вечер. Се сеќавам дека си помислив: „Тоа е паметно, бидете еден со друг, нема да кажеме никому“, рече таа.

„Девојките се се помлади… Лео се претвора во новиот Хеф“, рече Кристал, која со Хефнер беше во брак пет години, до неговата смрт на 91-годишна возраст.

Вдовицата откри дека вилата ја посетиле повеќе познати ѕвезди како Џек Николсон, Поли Шор, Кори Фелдман, Џастин Бибер, Кајли Џенер…

Сегашната избраничка на Ди Каприо во јуни полни 26 години, а извори блиски до актерот тврдат дека таа ги има сите квалитетите кои холивудската ѕвезда ги бара кај партнерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Најнови вести од Познати

To top