ТВ и Филм содржината се држи во тајна

Леонардо ди Каприо снима нов филм

Објавени се првите фотографии од новиот филм со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо. Се работи за остварување на режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон, првично насловено како „BC Project“.

Леонардо ди Каприо снима нов филм

На некои од сликите, глумецот е облечен како бездомник и стои до телефонска говорница. Папараците го забележале во лежерен стил на облекување „како се однесува параноично“. Имало и полициски автомобили на снимањето.

Неодамна се пишуваше дека тој потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година, но не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа.

Иако содржината засега се држи во тајна, според ИМДБ, во филмот глумат и Шон Пен и Реџина Хол. Буџетот наводно е сто милиони долари.

Теми на денот

To top