Познати ослободена со кауција

Саманта Фокс уапсена поради инцидент кој го направила пијана, поради неа откажан лет

Полицијата соопшти дека Фокс била уапсена под сомнение дека била пијана во авионот и била пуштена со кауција. Подоцна, пејачката се огласи, велејќи дека и е многу жал за непријатностите што им ги направила на другите.

Саманта Фокс уапсена поради инцидент кој го направила пијана, поради неа откажан лет

Поп иконата од осумдесеттите Саманта Фокс е уапсена поради недолично однесување во авион.

Како што пренесуваат американските медиуми, 57-годишната пејачка ја поминала ноќта во затвор по расправија која се случила во авион на Бритиш Ервејс, кој требало да тргне кон Минхен.

Очевидци велат дека авионот бил подготвен да полета од Лондон, но летот бил откажан поради инцидентот што го предизвикала Саманта Фокс. Патниците морале да излезат од авионот и добиле сместување во еден од лондонските хотели. Следниот ден го продолжиле патувањето.

Полицијата соопшти дека Фокс била уапсена под сомнение дека била пијана во авионот и била пуштена со кауција. Подоцна, пејачката се огласи, велејќи дека и е многу жал за непријатностите што им ги направила на другите.

Инаку, во март минатата година, Фокс минуваше низ тежок период кога нејзината сестра Ванеса ненадејно почина од срцев удар на 50-годишна возраст. Претходно таа изјави дека имала многу блиски односи со нејзината сестра, која еднаш ја спасила од нејзиниот татко алкохоличар.

Најнови вести од Познати

To top