Познати

Почина пејачката Захара

Захара, која објави пет албуми, освои десетици домашни и меѓународни награди. Во 2020 година, таа беше вклучена во листата на 100 жени на Би-Би-Си.

Почина пејачката Захара

Почина наградуваната јужноафриканска афро-поп пејачка Булелва Мкутукана, позната како Захара, објави министерот за култура на земјата. Таа имаше само 35 години.

Захара поминала некое време во болница поради компликации на црниот дроб, а владата во тие моменти била со семејството, истакна министеркот Зизи Кодва.

Пејачката се прослави во 2011 година со нејзиниот албум Loliwe, кој се здоби со популарност низ Африка.

Во 2019 година, Захара отворено зборуваше за нејзината борба со зависноста од алкохол.

Додека нејзиното семејство допрва треба да објави официјално соопштение, фановите тагуваат и споделуваат убави спомени за пејачката преку социјалните мрежи.

-Захара и нејзината гитара имаа неверојатно и трајно влијание врз јужноафриканската музика, објави Кодва на X.

Захара, која објави пет албуми, освои десетици домашни и меѓународни награди. Во 2020 година, таа беше вклучена во листата на 100 жени на Би-Би-Си.

Најнови вести од Познати

To top