Познати видео

Пирс Морган ги откри имињата на членовите на кралското семејство кои биле загрижени за бојата на кожата на Арчи, па жестоко удри по Хари и Меган

Имињата се наведени во холандското издание на книгата на Омид Скоби за кралското семејство “Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival”.

Пирс Морган ги откри имињата на членовите на кралското семејство кои биле загрижени за бојата на кожата на Арчи, па жестоко удри по Хари и Меган

Пирс Морган во новата епизода на шоуто „Пирс Морган без цензура“ ги откри имињата на членовите на кралското семејство кои наводно биле загрижени за бојата на кожата на Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл.

Имињата се наведени во холандското издание на книгата на Омид Скоби за кралското семејство “Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival”.

Скоби во хландското издание откри дека тоа се кралот Чарлс Трети и принцезата Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, постариот брат на Хари.

Морган во емисијата остро ги негира овие тврдења и вели дека Омид изнесува невистини.

Во книгата, Скоби тврди дека Маркл (42) му напишала приватни писма на Чарлс, таткото на нејзиниот сопруг, во кои именувала двајца членови на кралското семејство кои учествувале во наводните вознемирувачки разговори за тенот на нејзиниот и тогаш неродениот син на Хари.

Во последното издание на книгата објавено во Британија, кое ја опфаќа состојбата на британската монархија по смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година, Скоби не ги именува членовите на семејството за кои се вели дека го доведувале во прашање тонот на кожата на Арчи поради законите за клевета.

Меѓутоа, на книгите кои беа преведени на холандски јазик и објавени во Холандија беа испечатени имињата на луѓето. Скоби по низата реакции демантира дека тој ги дал имињата во холандското издание. Вели дека, не знае како се нашле таму, бидејќи во примерокот даден за превод не било напшано ниту едно име поврзано со оваа тема.

Од другата страна пак, Морган во емисијата, објави пишана изјава од преведувачката на книгата, која тврди дека книгата ја превела онака како што и била дадена, и дека црно на бело биле напишани имињата на кралот и Кејт Мидлтон.

Најнови вести од Познати

To top