Познати директно

Дете го прашало принцот Вилијам колку пари има, одговорот е изненадувачки

Единаесетгодишниот Амир Хасан го прашал принцот Вилијам за неговата финансиска состојба за време на неговата посета на проектот за млади Hideaway во Манчестер, Англија.

Тој му пришол на принцот и директно го прашал:

-Колку пари имате на сметката?“, пренесува британски Телеграф.

Идниот крал се насмеал пред да признае:

“Не знам”, одговорил Вилијам.

Децата присуствуваа на посетата на Вилијам и работеа на уметнички проект кој вклучувал шишање коса како од списанието. Го прашале и принцот дали сака да им се придружи.

-Јас сум буквално последната личност што треба да ја прашате. Косата ми исчезнува, се пошегува Вилијам со малите деца.

Најнови вести од Познати

To top