Македонија Колумни колумна

Време, за ПРАВДА

Зарем очекуваа дека никој, а најмалку тие ќе одговараат за тешките злодејанијата и апашлакот? Дека нема да има крај на Алиевото КАКО ДО СЕГА?

Ова ми наликува на вицот со Црногорецот и келнерката, каде Венко и Црпко ја имаат улогата на госпожата. Ви текнува, кога тој нарачува кафе „Јаку ко мене, слатку ко тебе!“, таа го носи, тој пробува и развикува на цел глас: „Јелте мала, а да се ниси МАЛО ПРЕЦЈЕНИЛА!!!“…

Време, за ПРАВДА

Сите знаевме дека во екот на ковид-кризата Венко и Зоќе не возеа само мотори. Правеа и други глупоштии. А возикањето, тоа беше само пластичен приказ на бескруполозноста и аздисаноста на северџанското дуо, АЧИК доказ дека немаат трошка совест и оти за нив хедонизмот, чаламот и аздисот немаат никакви граници.

И години и години потоа, не можеме да ја извадиме од глава фотката на која самите со сиот ум си ја лиферуваа, онаа на која двајцата суртуци се сликаа насмејани „со заби“ во исто време кога луѓето околу нив умираа како муви, она време кога рушевме светски рекорди. Секој од нас изгуби некој близок и познат во короната, премногу добри луѓе заминаа…

И ај, богати, што не мрднаа со прст за вакцини и оној Вучиќ од „српски свет“ не спасуваше, туку со цел ум наклештени си се развозуваа со сељачките БМВ-а (чуле дека „сами возат“) од три-четириесет илајди евра, абе мува не ги лазеше.

И што да очекувате од такви мамлази? Дека ги интересира народот, дека се замислиле околу државата или дека им текнало дека е крајно дегутантно да се чаталиш и и копаталиш во ситуација во која изгина цел еден помал македонски град? Јок, никому не му падна ни на ум такво нешто.

А, дека им „текнало“ дека со рекет, уцени и притисоци, злоупотребувајќи позиција и службена должност да „лапнат“ га-га и под цена една цела болница? Е, тоа им прилега. Тоа никого не изненади. НАПРОТИВ…

Се’ беше повеќе од јасно уште кога ги „одврзаа“ Шашка и компанија и кога загарите удрија по болницата. Каде има дим, таму има оган, а каде има девалвација и лажни афери, таму некој сака да обезвредни нешто и да го купи истото за „беспари“. Ука од транзицијата, раководена од истиите тие СДС. А ова, ова се гледаше од авион…

Зарем, искрено, мислеа дека овој народ „пие нафта“ и дека никој не знаеше што се случува во Македонија во екот и текот на тие црни 7 години за државата и Македонецот? Зар мислеа дека арамилакот на Заевци и екипата не беше јавна тајна? Зарем очекуваа дека никој, а најмалку тие ќе одговараат за тешките злодејанијата и апашлакот? Дека нема да има крај на Алиевото КАКО ДО СЕГА?

Ова ми наликува на вицот со Црногорецот и келнерката, каде Венко и Црпко ја имаат улогата на госпожата. Ви текнува, кога тој нарачува кафе „Јаку ко мене, слатку ко тебе!“, таа го носи, тој пробува и развикува на цел глас: „Јелте мала, а да се ниси МАЛО ПРЕЦЈЕНИЛА!!!“…

Така и моточалам-двоецот кој седум години им газеше по нерви на Македонците. Се преценија ќелепурите. Да, соодветен збор, ЌЕЛЕПУР. Архаизам со значење – човек поставен на место кое не го заслужува. Посоодветен, здравје. Дојде ли крајот за ќелепурите?

Мислевте ли дека услужноста кон странските стопани ќе ве чува и пази доживотно? Милсевте, признајте, та има не држава исконско сменивте, голем долг имаат кон вас, а? Копуци неизживеани низаедни.

Не сфативте како завршуваат изслужените, употребени кондоми полни со антинационален истресок. Така ви е кога не читате историја, или сепак, потајно знаевте и не бадијала сакавте и да ја укинете. Небаре така немаше да ве фати МАЈАТА. Ве фати, историјата никому не проштева. Прашајте го другарчето Коте, ќе ви објасни…

И сега?

Е, сега Венко ќе кука и ќе корне коси, ќе лаже за политички прогон, ќе измислува реваншизам, ќе констуира некакви си теории на заговор. Страв, куќа чува. Да те има во јавност, пак е предиспозиција за да можеш да глумиш политички маченик. Затоа и беше онаа урнебесна серија со имагинарни мигранти, српски светови, ноќни волци, измислени афери и какви ли не лажни вести од Летечкиот циркус на Венко Филипче.

Другарче, пак, тој „сиромашкио“ ќе си гради облакодерчиња по Дубаи и ќе пушта по некој абер по ФБ, а дома нема да си се враќа. Никако. Од страв од свирење клавир. И грчките плажи ќе ги батали, сме имале договор за екстрадиција.

Симултано, на цел глас и со полна пареа сдс-наригачите ќе пискаат и врискаат дека се работело за некаква одмазда.

Одмазда?

Јок.

Се вика ПРАВДА…

 

Најнови вести од Македонија Колумни

To top