Свет Загрижувачка статистика

Во 2021: Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починале од загаден воздух

Според проценките на ЕЕА, честичките се поврзуваат со случаите на срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес, белодробни заболувања, рак на белите дробови и астма.

Во 2021: Повеќе од половина милион луѓе во ЕУ починале од загаден воздух

Честичките во воздухот предизвикаа околу 250.000 смртни случаи низ Европската унија во 2021 година, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА), пренесе ДПА.

Овие смртни случаи можеа да се избегнат доколку концентрациите на ситни честички беа во рамките на препораките на Светската здравствена организација (СЗО), соопшти ЕЕА при презентирањето на наодите на четвртиот форум за чист воздух во холандскиот град Ротердам.

– Иако направивме големи чекори во текот на изминатите години за да го намалиме нивото на загаденост на воздухот, нашите најнови податоци и проценки покажуваат дека влијанието на загадувањето на воздухот врз нашето здравје и понатаму е превисоко, што резултира со смртни случаи и болести кои може да се припишат на загадувањето на воздухот, изјави извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила-Мононен.

Според проценките на ЕЕА, честичките се поврзуваат со случаите на срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес, белодробни заболувања, рак на белите дробови и астма.

Освен „фините честички“, извештајот на ЕЕА го истакна загадувањето од азот диоксид (NO2), од кој голем дел се создава со транспорт, и тропосферски озон (површински), со 52.000 смртни случаи кои се припишуваат на NO2 и 22.000 на озон.

Од сите материи кои го загадуваат воздухот, во 2021 во ЕУ починале вкупно половина милион луѓе. (МИА)

To top